Убава вест за Несторовски и за Трајковски: Палермо се спаси од банкрот

Италијанскиот второлигаш Палермо нема да прогласи банкрот. Напорите на раководството да ја стабилизираат финансиската состојба се исплатеа и направен е договор за репрограмирање на долговите. Со тоа е избегната лошата опција Палермо да биде префрлен во најнизок ранг, односно да мора да се натпреварува во аматерска конкуренција.

„Палермо со задоволство сака да ја сподели информацијата дека е постигнат договор и клубот ќе може мирно да продолжи да се натпреварува за враќање во елитата на италијанскиот фудбал. Претседателот на Палермо, Рино Фоски, благодарејќи на семејството Мири успеа да добие стабилен партнер, а клубот сака да се заблагодари и на адвокатската канцеларија „Мацарела“, како и на адвокатот Алесандро Маџо, на компанијата „Капиталинк“, истакна Палермо во клупско соопштение.

Палермо по 23 кола во Серија Б, се наоѓа на втората позиција на табелата со 42 бода, еден помалку од лидерот Бреша.

 

 

Се вчитува...