Убави вести од Шпанија: Четворица фудбалери на Еспањол се излекуваа од коронавирус

Убави вести од шпанскиот фудбал. Четворица од вкупно шест фудбалери на Еспањол кај кои беше позитивен тестот на коронавирус се излекувани од оваа болест и денеска се пуштени од болницата во Барселона на домашно лекување.

Според информациите во шпанските медиуми, во болница се уште кинескиот играч за врска, Ју Леи и уругвајскиот дефанзивец Леандро Кабрера, но и двајцата се чувствуваат добро и наскоро се очекува и нивно комплетно заздравување.

Сите четворица фудбалери на Еспањол наредниот период ќе останат во задолжителна домашна изолација од 15 дена, без разлика на тоа што го победија Ковид-19.

Се вчитува...