Убедлив триумф на Струга Трим Лум во Банско

Новиот македонски прволигаш Струга Трим Лум со одличен резултат ги отвори подготовките во Банско. Стружани славеа против романскиот тим Дунареа Калараши со убедливи 4-0.

Новото засилување Христијан Кировски го постигна првиот погодок за Струга Трим Лум, Дејан Цветаноски зголеми на 2-0, а до крајот на мечот мрежата на Дунареа ја погодија и Абдул Скор и Емран Рамадани.

На 23 јули, тимот на Струга Трим Лум го игра следниот пријателски натпревар против Алтин Асир од Туркменистан.

Се вчитува...