Убедлива победа на ЦСКА Москва над Олимпијакос, крај на серијата порази на Фенербахче

Дуелот помеѓу најдобриот поентер во лигата за оваа сезона, Мајк Џејмс, и најдобриот поентер во историјата на натпреварувањето, Василис Спанулис му припадна на Американецот откако ЦСКА Мосвка го совлада Олимпијакос со убедливи 80-61.

Изедначена беше само првата четвртина, а веќе на полувремето московскиот тим имаше двоцифрена предноста. До крајот истата дополнително се зголеми за деветтата победа, седма во низа, во Евролигата за „Армејците“ оваа сезона.

Прв стрелец во домашниот состав со 16 поени, 7 скока и 7 асистенции беше Мајк Џејмс, додека најрасположени во таборот на гостите од Грција беа Мартин Хасан и Јоргос Принтезис, кои натпреварот го завршија со по 10 поени.

Далеку понеизвесен беше вториот натпревар во Русија во кој по голема борба Фенербахче славеше со 65-73 над Зенит. Турскиот тим го одбележа првото полувреме со кое имаше предност од 32-45, но лошата игра во третата четвртина во која избраниците на Кокошков постигнаа само осум поени, а примија 21 беше клучен за враќање на Зенит во игра. Сепак, Фенербахче ја доби последната четвртина и ја прекина низата од четири порази едно по друго.

Предводник на Зенит со 16 поени и 5 скока беше Кевин Пангос, додека гостите од Турција ги предводеше Јан Весели со 17 поени и 4 скока.

Се вчитува...