Убре урлаше по судиите: „Ти си ку.ва…“, судиите по мечот признаа дека згрешиле (ВИДЕО)

Драматичната завршница во НБА лигата меѓу Филаделфија и ЛА Клиперс и победата на гостите сочувана во последната секунда предизвика вистински тензии по синоќешниот меч.

А, во центарот на вниманието беше кошаркарот на Филаделфија, Кели Убре Јуниор кој промаши по продорот во последните секунди при резултат 107-108 за гостите, со очигледен прекршок над него од Пол Џорџ. А, Кавај Ленард беше тука, за секој случај, да го блокира дополнително Убре.

Целата клупа на домашните на чело со тренерот Ник Нурс силно реагираше, негодуваа кај судијата убедени дека имаше прекршок над нивниот кошаркар во последната акција.

Набрзо на нападите кон судијата се приклучи и самиот Убре кој не бираше зборови за навреди кон судиската тројка. Им приоѓаше на секој од нив со зборовите: „Ти си ку.ва“.

Убре сега, сосема очекувано, го очекува суспензија и парична казна.

За Филаделфија, пак, очигледно нема ништо да помогне и фактот дека главниот судија Кевин Скот по мечот, по прегледаната снимка, призна дека е направена грешка и дека прекршок на Џорџ над Убре постоел.

Се вчитува...