Удар за Баерн: Тешка повреда на Дејвис

Баерн скапо ја плати вчерашната победа над Ајнтрахт, поради повредата што на самиот почеток од мечот на „Алијанц Арена“ ја заработи Афонсо Дејвис. Младиот лев бек се повреди самиот, без контакт со противнички играч и веднаш мораше да биде заменет жалејќи се на болка во пределот на скочниот зглоб.

„За жал, се работи за потешка повреда на лигаментите на скочниот зглоб. Некои влакна се скинати, некои се само напукнати, но севкупно гледано дијагнозата не е добра за нас“, потврди тренерот Ханси Флик.

Според првичните прогнози стартниот лев бек на Баерн ќе отсутвува до крајот на годинава, што значи дека ќе пропушти низа важни бундеслигашки средби, како и преостанатите пет натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите. За очекување е во негово отсуство на лев бек да биде прекомандуван Давид Алаба, кој со години настапуваше на оваа позиција, но од Флик беше прекомандуван во централен дефанзивец.

Се вчитува...