Удар за Интер: Лукаку не игра против Барса

Интер ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Барселона, на кое Антонио Конте нема да може да смета на услугите на Ромелу Лукаку. Белгискиот интернационалец не настапи на последниот дуел со Сампдорија, се очекуваше да биде „фит“ за дуелот на „Камп ноу“, но Конте на денешната прес-конференција објави дека најдобриот напаѓач на неговиот тим нема да може да настапи на тешкото гсотување.

„Лукаку нема да игра бидејќи има проблем со квадрицепсот. Тој ја влече повредата неколку дена, се жали на болка. Прегледите не покажаа ништо сериозно, но решивме да ризикуваме. Здравјето на фудбалерот сепак е најважно“ – изјави Конте.

За очекување е италијанскиот стручњак да се реши за затворена варијанта, со Лаутаро Мартинез како единствен напаѓач и Алексис Санчез на клупата за резерви.

Се вчитува...