Удар за Јуве – Игуаин не игра против Наполи!

Масимилијано Алегри се соочува со сериозен проблем во клучниот дел од сезоната, откако денеска беше обелоденето дека Гонзало Игуаин ќе мора да замине на операција поради болката во раката што аргентинскиот голгетер ја чувствуваше веќе извесно време.

Токму тоа била причината поради која Игуаин не настапи на синоќешниот натпревар против Кротоне, за денеска веќе и официјално да биде соопштено дека Аргентинецот мора да замине „под нож“. Повредата не е премногу сериозна, но голгетерот ќе мора да паузира целосно неколку дена, што значи дека дефинитивно го пропушта дербито во Неапол против лидерот Наполи, закажано за петок.

Останува да се види дали лекарскиот тим на Јувентус ќе може да го оспособи својот најдобар напаѓач за наредните предизвици, клучниот меч од Лигата на шампионите во Атина против Олимпијакос, а потоа и дербито на „Серија А“ на домашен терен против Интер.

Се вчитува...