Реал Мадрид одигра катастрофален натпревар на домашен терен губејќи од Кадиз, а дополнителен проблем за Зинедин Зидан претставува повредата на Серхио Рамос, кој мораше да биде заменет поради болка во коленото. За главоболките на Зизу да се уште поголеми, лидерот на „кралскиот клуб“ се повреди на само една седмица пред големото дерби против Барселона што ќе се игра следниот викенд на „Камп Ноу“.
Капитенот на „кралевите“ настрада при еден дуел со Лозано, Рамос успеа некако да го доигра полувремето, но потоа на паузата беше повлечен од игра. Тој го проследи второто полувреме со мраз на левото колено, како најава дека проблемот најверојатно не е нималку наивен.
Зидан за пресметката со Барселона нема да може да смета на Азар, Одергард, Одриозола и Карвахал, но нема сомнеж дека неиграњето на Рамос би бил убедливо најголем проблем за Зидан на големото дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА