Удар за шампионот: Удох го напушта Фенербахче, се сели во НБА

Жељко Обрадовиќ се соочува со сериозен проблем откако по Богдан Богдановиќ остана без уште еден клучен играч од шампионскиот тим. Екпе Удох реши да ја искористи клаузулата што му овозможуваше трансфер во НБА-лигата, па извонредниот крилен центар донесе одлука за заминување од Фенербахче и преселба во редовите на Јута џез.

Неколку специјализирани веб-сајтови за кошарка објавија дека сите детали од договорот се веќе средени, а Удох во следните две години во Солт лејк сити ќе заработи 6,5 милиони долари.

Тој имаше извонредна сезона во Евролигата, во просек бележејќи по 14 поени, 10,5 скокови, 6 асистенции и 3,5 блокади по натпревар. Фенербахче веќе го ангажираше Николо Мели како засилување за играта под обрачите, но за очекување е Фенербахче да ангажира уште еден врвен кошаркар на оваа позиција.

Се вчитува...