Удинезе само до бод со Сасуоло, Несторовски не доби минутажа

Удинезе два пати водеше, а Сасусоло два пати израмнуваше и се спасуваше од пораз во Удине во интересен натпревар во Серија „А“.

Уште во раната фаза од мечот Удоги му донесе предност на Удинезе, додека Енрике успеа да израмни во 6. минута. Удинезе повторно дојде до водство со гол на Бијол во 28. минута, но во судиското надополнување од првиот дел автоголот на Перез донесе нов „егал“.

Илија Несторовски не доби шанса да настапи, и овој меч го проследи од клупата за резерви за „бело-црните“ од Удине.

Се вчитува...