Удонис Хаслем уште една година во Мајами Хит

Легендарниот кошаркар на Мајами Хит, Удомис Хаслем објави дека ќе ја продолжи соработката со „франшизата“ од Флорида што значи дека ќе ја игра 20 сезона во својата НБА кариера.

Неговиот татко почина во август минатата година, а тој вели дека се одлучил за уште една година во негова чест.

„Ќе го довршам тоа што го разговаравме јас и мојот татко, а тоа е да одиграм 20 сезони во НБА. Нема да биде исто, нема да биде лесно, но цел е титула“, изјави Хаслем. 

Крилниот центар ќе стане само трет играч во историјата на НБА кој 20 сезони бил дел од ист тим. Претходно тоа го направија Коби Брајант во Лос Анџелес Лејкерс и Дирк Новицки во Далас Маверикс.

Се вчитува...