УЕФА го има Јувентус „во рака“ – Италијанците мора да се откажат од Суперлигата

Европската фудбалска федерација (УЕФА) будно ги следи случувањата во италијанскиот великан Јувентус.  „Газета дело спорт“ во петочното издание пишува дека европската „куќа на фудбалот“ планира да ја спроведе својата истрага во јуни во врска со настаните во Јувентус и дека можната казна, доколку ја има, би можела да биде поблага – само доколку актуелните челници на „Старата дама“ се откажува од членството во Суперлигата.

Шефот на УЕФА, Александар Чеферин, сака да ја искористи ситуацијата со Јувентус на ист начин како и со Барселона, која беше втурната во ѕид поради „случајот Негреира“.

Според некои извори, на Јувентус му се заканува и казна од УЕФА доколку не ја напушти Суперлигата, а не би била прва затоа што европската федерација им наплатила 3,5 милиони евра за кршење на финансискиот фер-плеј.

УЕФА ја намали казната која прво изнесуваше 19 милиони евра врз основа на проверки само на клупските документи, кои, сепак, не ја покажаа вистинската состојба, која беше обелоденета дури откако финансиските инспектори на Министерството за правда „исчешлаа“ и утврдија дека имало измама.

Ако сега УЕФА утврди дека Јувентус испратил лажни податоци до Нион и со тоа ги принудил бирократите на европската федерација да ја ублажат казната, овојпат последиците би можеле да бидат тешки, а единствениот начин Јуве да избегне нови строги санкции е да го напушти проектот на Суперлигата засекогаш.

Се вчитува...