УЕФА го казни Тумбаковиќ поради бизарна причина

УЕФА одлучи да го суспендира селекторот на Србија, Љубиша Тумбаковиќ поради повеќе од бизарна причина. Европската куќа на фудбалот му додели казна од еден натпревар суспензија на Тумбаковиќ затоа што неговите избраници задоцниле, не по нивна вина, на неодамнешниот натпревар со Унгарија во Лигата на нации.

Покрај суспензијата Тумбаковиќ ќе мора да плати и 5.000 евра, а Фудбалскиот сојуз на Србија ќе треба да плати и казна од 20.000 евра.

Србија на 12. ноември ја очекува најзначајниот натпревар оваа година, баражот против Шкотска за пласман на Европското првенство. Три дена подоцна гостуваат на Унгарија во новата сезона од Лигата на нации.

Се вчитува...