Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е обвинет од УЕФА дека намерно заработил жолт картон за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Ајакс.
Реал славеше на гостински терен со 1-2, а Рамос во намера да ги „исчисти“ картоните во 89. минута изнудил, според УЕФА, намерен жолт картон поради што ќе го пропушти реванш дуелот. На тој начин избегнува низ следните натпревари да заработи картон кој потоа би го одалечил од далеку позначајни следни натпревари на „кралевите“.
Разгледувајќи го тој случај УЕФА покрена дополнителна дисциплинска постапка против Рамос кој е обвинет по член 15 од Дисциплинскиот правилник на европската куќа на фудбалот.
Доколку на закажаниот состанок на Дисциплинската комисија на 28. февруари се утврди дека Рамос намерно изнудил жолт картон, тогаш суспензијата ќе му биде продолжена за повеќе од еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА