УЕФА го стесни изборот за Вардар: Нема Олимпијакос, можни Селтик, Легија, Копенхаген…

Пред денешната ждрепка за 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите, вообичаено, УЕФА го намали списокот на можни противници на македонскиот шампион Вардар, делејќи ги листите на носители и неносители на две одделни групи.

Па, според последната поделба, Вардар доколку го мине Малме ќе се соочи со еден од следните клубови, подобриот од пресметката меѓу Селтик и Линфилд, потоа Копенхаген – Жилина, БАТЕ Борисов – Алашкерт, Легија Варшава – Мариахмн и Марибор – Зрински.

„Вардарци“ ги избегнаа како свои можни противници Олимпијакос, Салцбург, Лудогорец, АПОЕЛ и Карабах.

Се вчитува...