УЕФА и даде зелено светло на Барселона да биде дел од следното издание на Лигата на шампионите, откако ги анализираше импликациите од „случајот Негреира“.
Истражителите од Етичкиот и дисциплинскиот комитет на УЕФА ја завршија својата работа со Барселона во врска со „случајот Негреира“. Заклучокот од состанокот кој денеска и беше соопштен на Барса е дека е примена за во следното издание на Лигата на шампионите.
Истражувачите на УЕФА истакнуваат дека Барса не прекршила никаков тип на правило што ја спречува да биде дел од елитата, па затоа не треба да биде изоставена од следната ЛШ, чија ждрепка за групната фаза е на 31. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА