УЕФА им го урна сонот на Британците и Р. Ирска за организација на СП 2030!

Европската фудбалска унија (УЕФА) им го урна сонот на Велика Британија и Република Ирска да се борат за организација на Светското првенство во 2030 година, откако од Нион им дошла „препорака“ да поднесат подобра кандидатура за Евро 2028, откако европската централа пред неколку дена го објави јавниот повик до сите членки за поднесување кандидатури.

Цела Велика Британија, Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, заедно со Република Ирска заеднички подготвуваа многу силна кандидатура за организација на Мундијалот во 2030 година, но од УЕФА добиле препорака дека подобро е таа кандидатура да ја пренасочат за Евро 2028, зашто европската централа планирала да ја поддржи шпанско-португалската кандидатура за јубилејниот Мундијал, кој во 2030 година ќе слави еден век постоење.

УЕФА уште од поодамна ги повика европските земји да не поднесуваат многу кандидатури за организација за СП, туку една да биде таа што ќе го претставува Стариот континент, со цел шансите за да победи во изборот допрва да би биле посилни. Според извори од Нион, португалско-шпанската кандидатура било исклучително силна и безмалку победничка, но останува сега едно отворено прашање дали ФИФА планира да го организира СП 2030 во Европа.

Претстојното СП 2022 е во Катар (Азија), следното во 2026 во САД, Канада и Мексико, а затоа што станува збор за јубилејно СП, 100 години од првото во Монтевидео (Уругвај), гласно се најавуваше дека Јужна Америка би требало да го организира, а Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај подготвуваат заедничка кандидатура. Јужна Америка последен пат беше домаќин во Бразил во 2014 година, а Африка последен пат во 2010 година.

Проблем со Европа во моментов е најавата за реформи во календарот и заговорот за Мундијал на две години, нешто за што УЕФА силно се спротивставува, па во војната на УЕФА и ФИФА можно е Стариот континент да настрада околу организацијата на СП во 2030 година. Ако добие, веќе извесно е дека Шпанија и Португалија би требало да бидат домаќините.

Се вчитува...