УЕФА ја изрече казната за Македонија, поради исвиркувањето на химната на Бугарија за време на натпреварот од 6. коло во Лигата на Нации кој се одигра во Скопје.
Европската куќа на фудбалот изрече казна за Македонија од 10.000 евра за исвиркување на химната, како и дополнителни 4.500 евра поради фрлање на предмети на теренот.
Тодор Тодороски, кој доби црвен картон на тој натпревар, е суспендиран на 1 натпревар.
Натпреварот заврши со победа на Бугарија од 0-1, со што Бугарите се пласираа на втората позиција, оставајќи ја Македонија на третото место во групата во Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА