УЕФА Конференциска лига: Партизан убедлив и со Флора, „волчицата“ триумфално со Зорја (ВИДЕО)

Белградски Партизан ја запиша и втората победа во Групата Б од УЕФА Конференциската лига, славејќи на домашен терен со 2-0 против естонска Флора.

Стрелец на головите за црно-белите беше Лазар Марковиќ во 20. и во 42. минута од средбата.

Во оваа група, Гент славеше против Анортозис со 2-0.

Во Групата Ц, италијанска Рома убедливо со 0-3 триумфираше на гостувањето против украинска Зорја. Ел Шарави во првото полувреме и Смолинг и Абрахам во вториот дел беа стрелци на головите за победа на „волчицата“.

Во вториот натпревар од групата ЦСКА Софија и норвешки Бодо одиграа натпревар без голови.

Се вчитува...