УЕФА најде утеха за Истанбул, дали Турците ќе бидат задоволни?

Финалето на овогодинешниот Суперкуп на Европа, кое требаше да се игра во Белфаст, ќе биде преместено во Истанбул, градот кој требаше да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите.

Истанбул требаше да биде домаќин на двата најдобри клуба на Стариот континент во натпреварот за трофејот на европскиот шампион, но одлуката на УЕФА падна да биде Португалија.

Турците несомнено ќе добијат материјален надомест заради трошоците за организирање на финалето пред неколку месеци, но УЕФА дополнително им излезе во пресрет, дозволувајќи им да го организираат финалето на Суперкупот, планирано за крајот на летото.

Два англиски клуба би можеле да играат во него, доколку Манчестер Јунајтед го победи Вилјареал во финалето од Лигата на Европа. Да додадеме дека денес се појави информација дека наградниот фонд за освојување на Лигата на шампионите ќе се намали поради покривањето на трошоците што УЕФА им ги даде на Турците поради преместувањето на финалето.

Последниот натпревар од Лигата на шампионите е закажан за сабота, 29 мај, на стадионот „Драгао“ во Порто.

Се вчитува...