УЕФА отвори истрага против Арнаутовиќ

УЕФА денеска објави дека покренува истрага против Марко Арнаутовиќ по бурните реакции во јавноста за „испадот“ на Австриецот по постигнатиот гол на натпреварот против Македонија.

По целиот инцидент следеше и реакција од страна на ФФМ, а куќата на фудбалот ќе отвори истрага за инцидентот и покрај тоа што Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување.

Казната која што може да ја добие Марко Арнаутовиќ е парична или суспензија на барем еден натпревар. Повеќе околку одлуката ќе се знае наскоро.

Се вчитува...