УЕФА почна официјална истрага против „бунтовниците“

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори дисциплинска истрага против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради формирањето на новата Суперлига. Дисциплинскиот инспекторат и Комисијата за етика отворија истрага за потенцијална повреда на законската рамка од страна на Барселона, Реал Мадрид и Јувентус со која им се заканува суспензија од две години во европските натпреварувања.

„Според членот 31(4) од дисциплинскиот, етичкиот правилник и дисциплинскиот инспекторат денеска отворија дисциплинска истрага за потенцијална повреда на законската рамка од страна на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус во конекција со ново настанатата „Суперлига““, стои во соопштението од УЕФА.

 

Се вчитува...