УЕФА покрена постапка против Серхио Рамос

На Серхио Рамос му се заканува суспензија од дополнителен натпревар откако УЕФА реши да покрене дисциплинска постапка против капитенот на Реал Мадрид а наводно намерно добивање картон во финишот од дуелот со Ајакс. Тој жолт картон значи дека Рамос ќе го пропушти реваншот со Ајакс, но потоа ќе биде без проблеми со картони во четвртфиналето, но намерното добивање на санкција е спротивно на правилата на УЕФА, нешто што куќата на фудбалот го има санкционирано во неколку наврати во последните години.

Рамос веднаш по натпреварот даде изјава за медиумите во која призна дека постоела намера при стартот, потоа во коментар на социјалните мрежи се обиде да ја смири тензијата демантирајќи такво нешто. Сепак, УЕФА го зеде во предвид и видеото од целата случка, на кое Рамос делува како самиот да бара од судијата да му покаже жолт картон.

Отворањето на дисциплинската постапка не значи само по себе и санкција, но доколку биде прогласен за виновен Рамос ќе паузира две средби, па покрај реваншот со Ајакс ќе го пропушти и првиот четвртфинален натпревар од ЛШ.

Се вчитува...