УЕФА потврди: Отворена е дисциплинска постапка против Реал, Барса и Јуве

УЕФА најави дека е отворена дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради потенцијалното кршење на правилникот, околу создавањето на новата Суперлига. Трите клуба практично беа основоположници на натпреварувањето кое сепак не се формираше.

„По истрагата која ја почнаа етичкиот и дисциплинскиот инспекторат на УЕФА, а во врска со таканаречената „Суеперлига“, отворена е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА. Детални информации наскоро ќе бидат достапни“, соопшти УЕФА. 

Останува уште да се види само дали и на кој начин УЕФА ќе ги казни овие три клуба. Постои можност казната да биде само парична, но им се заканува и до две години суспензија во европските натпреварувања.

Се вчитува...