УЕФА преговараше со 12-те „одметници“, се подготвуваат жестоки казни за пет клуба

УЕФА, предводена од претседателот Александар Чеферин, продолжува да размислува за санкциите на 12 клуба „одметници“ кои ја покренаа идејата за Суперлигата.

Според најавите, клубовите кои и натаму ќе останат поврзани со овој проект, ќе бидат исфрлени две години од натпреварувањата на УЕФА. Изминатите десет дена УЕФА разговараше со сите клубови со цел да бидат изречени што поблаги казни, и да ветат дека проектот нема да продолжи.

Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем се клубовите со кои е пронајден заеднички јазик, но пет клуба се уште се спротиставуваат. Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Милан и Интер се клубови кои сакаат да продолжат со проектот.

Во заштита на УЕФА се ставија и подделни национални сојузи. Фудбалскиот сојуз на Италија уште минатата недела донесе одлука во иднина при издавање лиценца за натпреварување во Серија А сите клубови да мора да прифатат да се натпреваруваат исклучи во натпреварувањата под капата на УЕФА и ФИФА.

Челните луѓе на сојузот со таа одлука дефинитивно им порачаа на Јувентус, Милан и Интер дека може да заборават на Серија А ако сакаат да играат во Суперлигата.

Се вчитува...