УЕФА пресуди: Два меча суспензија за Рамос!

Серхио Рамос ќе ги пропушти следните две средби на Реал Мадрид во Лигата на шампионите откако капитенот на „кралевите“ беше казнет за намерно добивање на жолт картон од страна на Дисциплинската Комисија на УЕФА.

Во ситуација кога Реал имаше водство од 1-2 во Амстердам Рамос се реши да добие жолт картон за да го пропушти реваншот во Мадрид и да ги „исчисти“ картоните пред клучниот дел од Лигата на шампионите. Сепак, се појавија фотографии и видео-снимки како Рамос го договара трансферот со стручниот штаб, по што „дисциплинците“ го казнија Шпанецот со уште една дополнителна средба суспензија.

Ова значи дека Серхио Рамос покрај реваншот со Ајакс, нема да биде во комбинација за настап ниту на првиот четвртфинален натпревар доколку Реал стигне до оваа фаза од натпреварувањето.

Се вчитува...