УЕФА со „дипломатско“ решение – гол во гости нема да важи, но само по регуларниот дел

Пандемијата на коронавирус го промени фудбалот онаков каков што го знаевме. Разните рестрикции во државите ширум Европа оневозможија дел од натпреварите во Лигата на Шампиони и Лига Европа да се одиграат во стандарден формат дома-гости, при што голем број на клубови беа проморени домашните натпревари да ги играат надвор од границите на својата држава.

Тоа на своја кожа, меѓу останатите го искусија и Ливерпул, Чеси, Манчестер Сити, Лајпциг, Борусија Монхенгладбах, Порто и Атлетико Мадрид, со што се појави проблем и прашање во функционалноста на правилото „гол во гости“. Голем број на клубови побараа од УЕФА ова правило да се избрише, но „Куќата на фудаблот“, и покрај тоа што има решение, бар засега не е подготвена за радикални промени.

Како што пренесува англискиот медиум, ‘Сан’ ова правило ќе добие промена со тоа што од следната сезона нема да важи само по регуларниот дел од мечот, односно во продолжението од натпреварите, а официјална потврда за оваа ситуација се очекува во петок.

Се вчитува...