УЕФА со мини-турнир планира да ја заврши сезоната во ЛШ!?

УЕФА следната недела ќе одржи нов состанок на кој со националните сојузи и клубовите повторно ќе се одлучува за продолжението од сезоната.

Европската куќа на фудбалот претходно искажа намера сите лиги во Европа да се завршат до јули, а завршницата од Лигата на шампионите и Лигата на Европа да биде во август. Опцијата двете натпреварувања да бидат во август единствено значи организација на мини-турнири.

УЕФА подготвува план според кој европскиот шампион и победникот во Лигата на Европа ќе се добијат на турнирски начин и со еден добиен натпревар.

Планиран е разговор и околу баражите за пласман на ЕП кои би можеле да се играат дури следната година. Македонија во полуфиналната бараж пресметка од Лигата Д во Лигата на нации ја очекува дуел со Косово.

Се вчитува...