УЕФА со нови протоколи: Вакцинирани фудбалери повеќе нема да се тестираат на Ковид-19 пред секој меч!

Европската фудбалска унија (УЕФА) најави нови промени во протоколите за одигрување на мечеви под нејзина капа во делот со тестирањето на фудбалерите пред секој меч, па така во иднина фудбалерите кои се целосно вакцинирани или прележале коронавирус повеќе нема да мора да прават ПЦР-тестови.

Оваа одлука која сѐ уште не е официјално објавена, најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови, Лигата на шампионите, Лига Европа и новоформираната Конференциска лига.

Според тоа што објавија медиуми низ Европа, УЕФА ја донела оваа одлука со цел беспотребно да не се тестираат фудбалерите кои имаат веќе целосен степен на заштита, односно или се целосно вакцинирани и поминале две недели од втората доза, или пак прележале ковид-19 во изминатиов период.

Досега, сите играчи се тестираа пред секој меч со цел ако се појави позитивен да биде изолиран, а според протоколот на УЕФА, фудбал еден тим може да игра и со 13 играчи сосе голман, ако останатите се позитивни, но само под услов ако локалните власти не ги стават сите од тимот во изолација.

Се вчитува...