Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, би можел да му биде противкандидат на Џани Инфантино на конгресот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) кој ќе се одржи во март 2027 година во Рабат, Мароко, за челната позиција во светската „куќа на фудбалот“.
Англиските медиуми пишуваат дека во тек се преговори меѓу Венгер и претставници на Европската фудбалска федерација (УЕФА) за Французинот да биде адутот на УЕФА во битката против Инфантино.
Венгер тренерската кариера ја заврши во 2018 година, но остана во фудбалот и моментно е директор за глобален развој во ФИФА.
Венгер за девет дена ќе наполни 77 години и доколку добие мандат да ја води ФИФА, ќе стане вториот најстар претседател по Родолф Силдраерс (1954) кој беше избран со 77 години и 188 дена.
Рокот за поднесување на кандидатури за претседател на ФИФА истекува на 18 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
