Украина се кандидираше за домаќин за СП 2030

Украина им се придружи на Шпанија и Португалија во нивната кандидатура да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година, објавија во средата Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) и Португалската фудбалска федерација (ФПФ).

Новото партнерство беше потврдено на прес-конференција во седиштето на УЕФА во Нион. Понудите на Шпанија, Португалија и Украина за турнирот во 2030 година се поддржани од УЕФА и ќе се натпреваруваат со други понуди како што е соработката меѓу Египет, Грција и Саудиска Арабија и заедничките кандидатури на Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле.

Светското првенство во 2022 година ќе започне на 20. ноември во Катар, додека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...