Украина со нов селектор – Сергеј Ребров, доаѓа во Скопје на мегдан со Македонија

И официјално легендата на украинскиот фудбал Сергеј Ребров е именуван за нов селектор на Украина.

Со нов селектор на клупата Украина сега доаѓа во Скопје на натпреварот против Македонија во квалификациите за ЕП 2024 кој се игра на 16. јуни на арената „Тодор Проески“.

Фудбалската федерација на Украина денеска официјално го промовираше Ребров како свој нов селектор кој ќе треба да се обиде да ги однесе Украинците до ЕВРО 2024.

„За мене е навистина задоволство е што сум тука во овој момент на чело на репрезентацијата. Секако дека со сите сили ќе работам за својата држава и во интерес на успесите на националниот тим“ – рече новиот селектор на Украинците на промоцијата на новата функција.

Се вчитува...