Посебната конекција што ја имаат Јирген Клоп и неговите фудбалери резултираше со конечен крај на 30-годишното чекање на премиерлигашката титула за Ливерпул. Но, се чини армијата навивачи на клубот треба да и бидат крајно благодарни на сопругата на Клоп, Ула. Најверојатно без неа еуфоријата што ја доживеаја во четвртокот немаше да се случи.

Во 2013 година, Клоп беше тренерот кој сите го бараа. Благодарение на успехот со Борусија Дортмунд го привлече вниманието на големите европски клубови. Еден од првите клубови кои го контактирале Клоп бил Манчестер Јунајтед. Во тој период, Алекс Фергусон го завршуваше 26-годишното владеење и клубот сметал дека најдобро решение за негов наследник е токму Германецот.

Информациите велат дека Клоп и ќе ја прифател понудата од Јунајтед да не била неговата сопруга Ула која проценила дека тоа не е вистинската понуда за него. Кога дошла понудата од Ливерпул, сопругата сметала дека тоа е вистинскиот избор.