Ули Хенес призна: Имавме договор со Клоп, но во последен момент го избравме Клинсман

Баерн Минхен и Ливерпул ќе се соочат во осминафиналето од Лигата на шампионите во веројатно најинтересниот дуел во оваа фаза.

На клупата на „црвените“ е Јирген Клоп кој и тоа како добро го познава баварскиот тим. Малку е познато дека Клоп во 2008 година беше блиску до преземање на клупата на Баерн. Договорот веќе бил постигнат, но Баерн неочекувано се одлучил за Јирген Клинсман.

„Имавме веќе договорена соработка со Клоп во 2008 година, но на крајот одлучивме да го ангажираме Клинсман. Тоа е минато и не размислуваме сега што би било доколку беше поинаку“ – изјави првиот човек на Баерн, Ули Хенес и на тој начин прекинувајќи ги сите шпекулации околу доаѓање на Клоп во Баерн.

„Навистина го ценам Клоп. Огромна почит носам за него и неговата работа. Сега ќе биде тежок натпревар за двата тима кој се надевам дека ќе заврши во наша корист“.

А, во таа 2008 година потоа Клоп ја презеде Борусија Дортмунд и „милионерите“ ги водеше на извонреден начин. Клинсман, пак, остана неполна сезона во Минхен, а доби отказ во април 2009 година по серијата очајни резултати.

Се вчитува...