Ултиматум: Фудбалерите без вакцина не може да играат на СП во Катар

Организаторот на Светското фудбалско првенство (СП) во 2022 година, Катар разговара со Светската фудбалска федерација (ФИФА) за задолжителна вакцинација на сите фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот.

Катар соопшти дека сите кои сакаат да допатуваат во оваа земјаќе мора да бидат вакцинирани, а такво нешто ќе се бара и за фудбалерите.

Сепак, фудбалерите се поделени за ова прашање и тоа би значело дека на Мундијалот најверојатно нема да настапат некои ѕвезди кои нема да сакаат да се вакцинираат.

Се вчитува...