Ултиматум од Кошаркарската федерација до клубовите: За една недела да платите, или суспензија!

Канцеларијата на македонската кошаркарска федерација денеска со официјално писмо ги известила сите домашни клубови дека имаат последен рок од една недела да ги исплатат сите финансиски долгови кон неа.

Сето тоа било договорено на состанокот на федерацијата со претставници на судиите, здруженијата на лигите и Комесарот за натпреварување, па сега клубовите должници, во сите рангови на натпреварување, имаат рок да платат до 23. јули, а во спротивно ќе следи суспензија за секој клуб кој нема да го подмири долгот.

Од Кошаркарската федерација, во писмото до сите клубови, наведуваат дека согласно член 52.4, доколку не бидат подмирени долговите, ќе следи суспензија преку која клубот нема да има право за настап, а натпреварот ќе биде регистриран со службени 20-0 за противникот.

Се вчитува...