Умит Каран: Задоволство од триумфот во Струмица, одиме понатаму

Шкупи ја освои Струмица, го победи тимот на Академија Пандев со 0-1 и ја следи Шкендија во трката за титулата. Тренерот Умит Каран е задоволен од триумфот, но вели дека Шкупи мора веднаш да се фокусира на следните искушенија.

„Беше тоа тежок натпревар, а ние заслужено стигнавме до победа во второто полувреме. Имавме контрола на мечот и во првиот дел, создадовме многу шанси за погодок. Задоволни сме од трите бода и тоа што го видов беше позитивна промена кај тимот. Работевме напорно изминатите две седмици во текот на паузата и тоа веднаш е воочливо. Но, веднаш да го заборавиме овој натпревар, затоа што не очекуваат големи предизвици во периодот што доаѓа. Ќе бидеме гости на неколку тешки натпревари, а да не го заборавиме и мечот во Купот на Македонија веќе в среда“, изјави Умит Каран.

Шкупи се наоѓа на втората позиција на табелата со 19 бода, само два помалку од лидерот Шкендија.

Се вчитува...