Умтити е клучот за трансферот на Лаутаро Мартинез во Барселона

Барселона и Интер водат интензивни преговори за трансферот на аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез. Каталонскиот гигант сака да ја активира отштетната клаузула вредна 110 милиони евра, но планира во пакетот да вклучи неколку фудбалери за да ги намали средствата што треба да ги уплати на сметката на Интер. Во моментот, клучот за реализација на трансферот, како што откриваат италијанските медиуми, е Самуел Умтити.

Барселона сака да го вклучи Умтити во зделката и го вреднува со 30 милиони евра, Интер е заинтересиран да го добие Французинот, но не под тие услови, а засега и самиот фудбалер не делува многу заинтересирано за да се пресели во Италија. Ова дополнително ја отежнува ситуацијата за реализација на големиот трансфер на Лаутаро Мартинез. Во меѓувреме, Барселона се обидува да направи зделка и со Јувентус со која сака да го доведе Миралем Пјаниќ на „Камп Ноу“.

Умтити подолг период беше повреден, беше ставен и на трансфер – листа во составот на Барселона, но очигледно сумата што каталонците ја бараат за негово заминување е сепак превисока за заинтересираните клубови.

Се вчитува...