Умтити се врати на тренинзите на Барселона

Францускиот интернационалец Самуел Умтити ја надмина сериозната повреда на коленото и се врати на тренинзите на Барселона. Тој би можел да биде подготвен да помогне на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Лион. Дефанзивецот нема настап за каталонскиот тим од ноември минатата година кога заработи сериозна повреда на мечот против Атлетико Мадрид.

Вчерашниот тренинг на Барселона го пропушти аргентинскиот ас Лионел Меси, кој се уште има проблеми со бутниот мускул, иако настапи половина час на „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

Се вчитува...