Унгарците лесно со Зеленортските острови па ќе чекаат пораз на Португалија од Шведска за четвртфинале на СП

Ракометарите на Унгарија славеа очекувано лесна победа од 42-30 против Зеленортските острови во последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство 2023.

Па, сега Унгарците вечерва ќе чекаат пораз на Португалија од Шведска, но и најмалку реми на Бразилците со Исланд, како би се избориле за четвртфинале на Мундијалот.

Унгарија во моментов е на второто место во групата со 6 бода, Португалија има 5 бода но вечерва ја очекува меч со Шведска која, пак, е веќе четвртфиналист на првата позиција.

Словенија убедливо со 31-23 триумфираше против Црна Гора, со што останува во комбинација за ТОП 10 на Светското првенство што, пак, може да и донесе квалификации за ЛОИ 2024.

Се вчитува...