Уникаха го преслуша и Тенерифе за шампионскиот трофеј во Купот на Шпанија

Кошаркарите на Уникаха се сензационалниот освојувач на Купот на Шпанија откако во големото финале славеа со 80-83 против Тенерифе. На патот до финалето тимот предводен од Ибон Наваро ги совлада и евролигашите Барселона и Реал Мадрид и сосема заслужено го подигна трофејот.

Во неизвесниот натпревар проследен со бројни пресврти клучна за победата беше последната четвртина во која Уникаха успеа да стигне до целосен пресврт, да стигне и до предност од осум поени, а и да ја задржи за големо славје.

Се вчитува...