Уникаха ја одбрани титулата во ФИБА Лигата на шампиони

Кошаркарите на Уникаха го совладаа Галатасарај во финалето на Лигата на шампионите на ФИБА со 83-67 и со тоа тимот од Малага го повтори успехот од лани.

Победничката серија на Андалузијците започна лани во белградската арена со победата на фајналфорот во Лигата на шампионите, потоа го освоија Интерконтиненталниот куп, шпанскиот Суперкуп, Купот на кралот и сега во Атина уште една круна во Лигата на шампионите на ФИБА.

Кај Уникаха предводник беше Тајсон Картер со 14 поени, Тајсон Перез имаше дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 скока, а 13 поени постигна и Кендрик Пери.

Кај Галатасарај, Тајрон Валас и Вил Камингс постигнаа по 14 поени. АЕК славеше над Тенерифе со 77-73 и со тоа го освои третото место на завршниот турнир.

Се вчитува...