Кошаркарите на Уникаха го возвратија ударот на Барселона, победувајќи ги Каталонците на гостински терен со 81-59, и освојувајќи го четвртфиналето од плејофот на АЦБ лигата.
Победникот на Интерконтиненталниот куп на ФИБА, Лигата на шампионите на ФИБА и Кралскиот куп за оваа сезона им одржа лекција по кошарка на Каталонците на домашен терен.
Тимот од Малага поведе за прв пат во раната фаза од натпреварот и само ја зголемуваше предноста до крајот.
На крајот од првиот период Уникаха имаше девет разлика, исто толку на полувремето, 19 во средината на третиот дел, а максималната разлика од 24 поени ја имаше тимот од Андалузија кон самиот крај на натпреварот, во последната минута. Барса беше скршена.
Како што е познато, Каталонците го добија првиот натпревар на гостински терен, но сега ќе мора да се вратат на теренот на Уникаха, каде што ќе се обидат да останат во игра за единствениот трофеј што им остана во оптек.
Победникот од овој дуел во полуфиналето оди кај подобриот од серијата меѓу Басконија и Реал Мадрид (моментално 0-1).
Валенсија и Тенерифе ја формираат првата полуфинална двојка.
Кендрик Пери со 15 поени, Александар Балчеровски и Тајлер Картер со 14 поени беа најзаслужни за големата победа на Уникаха. Најефикасен играч во поразениот тим беше Кевин Пантер со 12 поени.
🔥 KENDRICK PERRY ESTÁ 𝙊𝙉 𝙁𝙄𝙍𝙀
¡Lleva 11 puntos y todavía no se ha acabado el primer cuarto!
📺 @MovistarPlus | @kendrick3perry | @unicajaCB #PlayoffLigaEndesa | #ConectaConTuPasion pic.twitter.com/vcuNwKXUiZ
— Liga Endesa (@ACBCOM) June 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА