Унион Берлин го шокираше Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Унион Берлин стигна до голема победа над Баер Леверкузен од 1-0 во премиерниот натпревар од 16. коло во германската Бундеслига. „Фармацевтите“ беа подобар противник во текот на целиот меч, но откако не успеаја да ги искористат своите шанси казната стигна во 89. минута кога по одлично изведена контра Тојхерт постигна гол за големи три бода за тимот од главниот град на Германија.

Леверкузен останува на третото место на табелата со 29 бода, односно четири помалку од лидерот Баерн Минхен кој има натпревар помалку. Унион Берлин сега е четврти со 28 бода.

 

Се вчитува...