Унион Берлин го зема германскиот репрезентативец како засилување за ЛШ

Унион Берлин успеа да го донесе левиот бек на Интер, Робин Госенс во своите редови. Германскиот интернационалец не е задоволен од статусот кај „нероазурите“ и токму од тука е подготвен да го напушти клубот.

Двата клуба треба сега да се договорат, а Интер за него бара 15-18 милиони евра што би било рекордна сума на пари која би ја платил тимот од Берлин. Втората опција е позајмица на една сезона, со задолжителен откуп на крајот од сезоната.

Госенд пристигна во Интер на позајмица пред година и пол, а потоа „нероазурите“ го откупија неговиот договор од Аталанта. Тој е стандарден репрезентативец на Германија.

Унион Берлин за првпат ќе игра во Лигата на шампионите, и прави екипа за достојно да се презентира во најелитното европско друштво.

Се вчитува...