Унион Берлин ја шокираше Борусија Дортмунд

Унион Берлин ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1 во премиерниот меч од 13. коло во германската Бундеслига. По првото полувреме во кое мируваа мрежите, водство за домаќините донесе Авонији во 57. минута.

На 1-1 израмни Муококо во 60. минута, гол со кој стана најмладиот стрелец во историјата на Бундеслигат. Конечните 2-1 ги постави Фридрих во 78. минута. Борусија Дортмунд останува на 4. позиција на првенствената табела со 22 бода и само еден повеќе од денешниот противник.

 

 

Се вчитува...