Урнебесно: Обамејанг го скрши пехарот, соиграчите се држеа за глава (видео)

Пјер Емерик Обамејанг беше во главна улога со два гола на финалето од ФА Купот, предводејќи го Арсенал до триумф над градскиот ривал Челси.

Габонецот потоа се најде во центарот на вниманието и при прославата на трофејот, откако непосредно пред да го крене големиот пехар тој му се лизна од раце и се скрши на теренот на „Вембли“. Дел од соиграчите се држеа за глава не можејќи да поверуваат што се случи, на крајот трофејот повторно беше склопен, па Обамејанг го крена во воздух на воодушевување на играчите, тренерите, како и на сите фанови на Арсенал.

Одличниот голгетер има само уште една година од актуелниот договор со Арсенал и доколку во следните два месеци не ја продолжи соработката тој ќе биде продаден за да не се ризикува во 2021 година да си замине без никаква отштета.

Се вчитува...