Усеин Болт со најдобро време сезонава победи на митинг од Дијамантската лига во Монако

Усеин Болт победи на митингот од Дијамантската лига во Монако, славејќи со време од 9.95 што е негов најдобар резултат сезонава.

Болт не трча така често во последно време, но ова му беше и тоа како важна трка во рамките на подготовките за Светското првенство. Зад него на второто место остана Американецот Ајзеа Јанг со време од 9.98, додека трет беше Симбине со време од 10.02.

Да потсетиме дека ова беше една од последните трки за Болт во кариерата, со оглед дека најави заминување во пензија по Светското првенство во Лондон.

Се вчитува...