Уште двајца Македонци со Covid-19: Мартин Богатинов и Јован Костовски во карантин на Кипар

Коронавирусот ја демне македонската фудбалска репрезентација и тоа пред клучниот плејоф дуел против Косово на 8 октомври во Скопје. Голманот Мартин Богатинов, кој дополнително беше повикан за претходните мечеви, е позитивен на Covid-19, заедно со уште еден Македонец, напаѓачот Јован Костовски. Дури 16 фудбалери на Етникос Ахна во моментот се во строг карантин.

Ова значи дека Мартин Богатинов дефинитивно не е во комбинација за репрезентативен повик во пресрет на дуелот со Косово.

„Во домашна изолација сме од минатиот петок. Во нашиот клуб има 16 фудбалери кои имаа позитивни тестови на коронавирусот. Мене првиот тест ми беше негативен, но вториот позитивен и заедно со уште еден фудбалер заминавме во домнашна изолација. Останатите 14 се во карантин во клупскиот хотел. Ќе мора да минеме 14 дена во карантин, а потоа ќе се тестираме повторно. Ако имаш два негативни теста – излегуваш. Во спротивно, уште пет дена во изолација“, вели Мартин Богатинов.

Се вчитува...